Укинат имунитетот на поранешната потпретседателка на ЕП во врска со случајот на измама

Ева Каили EPA-EFEJALAL MORCHIDI
Ева Каили / EPA-EFEJALAL MORCHIDI

Европскиот парламент го укина имунитетот на поранешната потпретседателка на институцијата Ева Каили, отворајќи го патот за понатамошна истрага за нејзината наводна вмешаност во финансиска измама од 150.000 евра во 2015 година.

Случајот за измама не е поврзан со корупцискиот скандал познат како Катаргејт, во кој е вмешана и грчката политичарка Каили.

Во извештајот, кој беше ставен на гласање во ЕП, се наведува дека Каили е обвинета за злоупотреба на јавни средства во износ од 120.000 до 150.000 евра. Според грчките закони, доколку биде прогласена за виновна, таа може да се соочи со затвор од 5 до 15 години.

Пред гласањето во ЕП, нејзиниот адвокат изјави за Политико дека ќе преземе соодветни правни мерки доколку и се укине имунитетот на Каили. Папас ги нарече тврдењата дека неговиот клиент може да оди во затвор „предвремени и неосновани во оваа фаза“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот