УЕФА: Руски судија суспендиран до 2031 година поради местење натпревари

Оваа одлука најверојатно ќе почне да се применува од идната недела, кога стартува новата сезона во европските купови/Фото: EPA-EFE/LAURENT GILLIERON

Европската фудбалска унија денеска го суспендираше рускиот судија Сергеј Лапочкин на 10 години, додека летонскиот клуб Вентспилс е казнет со забрана за играње во Европа на седум години поради местење натпревари.

На Лапочкин му е забрането да има каква било судска функција на национално и меѓународно ниво до март 2031 година.

Тој беше привремено суспендиран на 90 дена во март годинава поради сомневање дека учествувал во местењето на натпреварот помеѓу Венстспилс и Бордо, во квалификациите за Лигата на Европа, во сезоната 2018/19.

Вентспилс беше поразен на домашен терен со 0:1 на првиот натпревар кој го судеше токму Лапочкин. УЕФА објави дека Вентспилс ќе биде елиминиран од европските натпреварувања до крајот на сезоната 2027/28.

Две официјални лица од тој клуб исто така се казнети, Адлан Шишканов доби доживотна забрана за работа во фудбалот, додека Николај Јакинс доби забрана од четири години.

Како интересен податок Вентспилс во сезоната 2009/2010 беше првиот летонски клуб кој успеал да се пласира во групната фаза на Лига Европа, тогаш играјќи со Херта, Херенвен и Спортинг Лисабон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот