Ученици од Делчево во обиколка на Вила Водно

Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска го посетија ученици од ООУ „Климент Охридски” од Делчево.

Учениците имале можност да се сретнат и лично да поразговараат со претседателот на државата Стево Пендаровски, и директно од него да се информираат за неговите надлежности, ги посетиле просториите во кои се реализираат официјалните и работните средби, како и салите во кои се организираат свечености, состаноци, настани и прес-конференции.

Од прес-службата на Кабинетот на претседателот информираат дека учениците се сретнале и со дел од вработените во Кабинетот и биле запознаени со историјатот на Вила Водно, со дел од активностите кои се одвивааткако и со начинот на функционирање на оваа институција.

– Сите заинтересирани граѓани, институции и организации, со претходно пријавување на официјалната интернет страница на Претседателот http://pretsedatel.mk/?page_id=3016 имаат можност да остварат директна комуникација со претседателот Пендаровски, да споделат свои идеи, предлози и сугестии, како и да присуствуваат на настани од јавен карактер, коишто ќе бидат реализирани во Кабинетот- соопштуваат од Кабинетот на претседателот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот