Убијците на малтешката новинарка Дафне Каруана Галиција осудени на по 40 години затвор

Фото: Wikipedia

Двајца браќа денеска беа изведени пред судот во Малта под обвинение за убиство на новинарката Дафне Каруана Галиција на 16 октомври 2017 година, кога нејзиниот автомобил беше кренат во воздух со подметната бомба, јави ДПА.

Браќата Џорџ и Алфред Ди Џорџо беа експресно осудени на по 40 години затвор, во судскиот процес кој почна речиси пет години по бруталниот атентат.

Каруана Галисија, една од најпознатите новинарки на Малта, редовно објавуваше блогови со обвиненија за корупција на актуелни високи малтешки политичари. Пред да биде убиена, таа имала објавено „протечени” податоци за проект за изградба на електрана.

Браќата Деџорџо беа уапсени и обвинети за убиство во декември 2017 година, заедно со третоосомничениот, Винс Мускат, кој се изјасни за виновен во 2021 година и стана заштитен сведок. Според обвинителството, тројцата мажи ја ставиле експлозивната направа под седиштето на автомобилот на новинаротката. Џорџ потоа ја активирал бомбата преку мобилен телефон од брод во морето, додека другите двајца од удобна позиција го гледале домот на Каруана Галисија.

Како нарачател е обвинет и истакнатиот малтешки бизнисмен Јорген Фенек, кој е акционер во проектот за електрана што го истражувала Каруана Галисија. Обвиненијата против бизнисменот се засноваат на сведочењето на таксист кој дејствувал како посредник меѓу Фенек и браќата Деџорџо. Возачот е ослободен од одговорност, а бизнисменот ги негира сите обвиненија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот