Убијците избегале со „Ауди А6“, автомобилот пронајден запален во Шутка

Фото: илустрација

Автомобилот „Ауди А6“, со кој избегале напаѓачите кои пукаа и убија двајца луѓе во бар во старата скопска чаршија, е пронајден запален во Шуто Оризари, потврдија полициски извори за „Телма“.

Автомобилот, кој имал украдени регистарски таблички, бил пронајден изгорен на улицата „Вашингтонска“ во Шутка, а во него имало остатоци од два мобилни телефона.

Откако го „исчистиле“ возилото од можните докази кои можат да водат до нив, убијците избегале ао друг автомобил. Од МВР засега не соопштуваат детали за потерата и за осомничените, освен дека станува збор за повеќе напаѓачи кои пукале кон убиените.

Убиениот Јетон Кривањева, со прекар Жила, пред три години беше мета на сличен напад во хотелот „Александар палас“. Слично како и тогаш, и вечерва напаѓачите биле облечени во црна облека и носеле фантомки, велат полициски извори за „Телма“. Уште една сличност со инцидентот од 2019 година е тоа што и вечерва во „Шиша бар“, напаѓачите извикале „полиција“ и се обиделе да создадат впечаток дека се работи за полициска рација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот