Убиениот Кривањева бил во врска со српска старлета, ја тепал и малтретирал

Убиениот Кривањева бил во врска со српска старлета, ја тепал и малтретирал / Фото СП

Познатата српска старлета Александра Николиќ, која на јавноста најпозната и е од емисијата „Задруга“, била поранешна девојка на убиениот Јетон Кривањева, пренесува српски „Курир“.

Николиќ пред да и се приклучи на „Задруга“ била во врска со Кривањева, а тогаш таа тврдела дека од него претрпела сериозно насилство. Таа некое време живеела со него во Скопје.

– Ја напуштив работата поради него, бидејќи ми забрануваше да играм. Добро се забавував со него година и пол, но го оставив затоа што ме тепаше. Тој го направи тоа затоа што мислеше дека се гледам со некој друг. Ме тепаше толку многу што имав сериозна повреда на усната“ – изјавила таа во својата исповед.

Таа додава дека Кривањева долго потоа и се заканувал дека ќе објави компромитирачки материјали за неа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот