Убиен руски научник кој ја развивал вакцината „Спутник“, наводно го задавил провалник кој му влегол дома

Руска Полиција Фото: МИА

Рускиот виролог Андреј Ботиков, кој помогна да се развие вакцината „Спутник V“ против коронавирусот, е пронајден убиен во неговиот дом во Москва, јавуваат медиумите.

Ботиков бил еден од 18-те научници кои учествувале во развојот на вакцината „Спутник V“ во Националниот истражувачки центар „Гамалеја“.

Властите отворија истрага за убиството, а веќе е приведен и осомничен – 29-годишен разбојник кој кој според надлежните упаднал во домот на Ботиков и го задавил научникот со каиш, по што избегал.

Од почетокот на војната во Украина, голем број високи руски функционери и бизнисмени-олигарси, од кои дел имаа потврдени врски со властите во Москва, беа пронајдени мртви или загинаа под мистериозни околности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот