УБ | Милошеска: Треба да се направи регистар на лицата со посебни потреби за да знае градоначалникот што да направи за нив

Маргарита Милошеска, Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби / Утрински брифинг

Покрената иницијатива со која се бара од идните градоначалници да ветат и да потпишат дека ќе се залагаат за достоинствени услови и живот на лицата со посебни потреби.

Во декларацијата доставена до кандидатите за градоначалници се бара доколку дојдат на чело на локалната власт во текот на првите шест месеци од мандатот, општината под нивно раководство да направи мапирање на социјалните сервиси и да изготви социјален план.

Зад оваа иницијатива стои Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби.

-Бараме од градоначалниците да работат на креирање на политики за лицата со посебни потреби во рамки на Законот за локална самоуправа. Истото го побаравме и од партиите пред парламентарните избори. Иако тогаш не очекувавме многу поради пандемијата со ковид, сепак има напредок и Владата постапува, како на пример во случајот со образовните асистенти, вели за Утрински брифинг координаторот на Ресурсниот центар, Маргарита Милошеска.

Таа додава дека е потребно формирање на Национален регистар на лица со посебни потреби, но треба да се започне од општините. Милошеска вели дека ако градоначалниците точно знаат каков вид лица со попреченост доминантно живеат во нивната општина, како лица со церебрална парализа, аутизам и слично, подобро ќе знаат што да направат зависно од тоа.

Од Ресурсниот центар бараат целосна инклузија на лицата со посебни потреби и во работните односи. Со тоа се ослободуваат две лица – и родителот и лицето со посебни потреби. На тој начин државата ќе се растовари и од додатоците што ќе ги прима лицето со посебни потреби доколку е работоспособно.

-Се надевам дека градоначалниците ќе работат. Веќе неколку години активно се мисли на овие лица. Тие треба да гледаат рамноправно на овие лица. Во општина Гостивар мислам дека е добро сработено досега. Недостасува да се направи дневниот центар и тој да работи целодневно и да биде со повик и закажување за да можеме и ние родитителите да се растовариме од секојдневните проблеми или обврски, вели Милошоска за Утрински брифинг.

Милошоска појасни дека Ресурсниот центар на родители на деца со посебни потреби не е здружение, туку се некој вид сервис за меѓусебна помош и поддршка на радителите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот