Уапсени татко и ќерка во Полска поради инцест, во нивниот подрум пронајдени тела на три новороденчиња

Уапсени татко и ќерка во Полска поради инцест, во нивниот подрум пронајдени тела на три новороденчиња / Фото EPA-EFE/Adam Warzawa

На татко и ќерка од Полска им се заканува доживотен затвор за убиство и инцест, откако телата на нивните три новороденчиња биле пронајдени како гнијат во подрумот од нивниот дом.

Пјотр Гиерашик (54) и Паулина Гиерашик (20) се уапсени откако посмртните останки на бебињата биле откриени во плитки гробници и завиткани во пластични кеси на имот во селото Черники во северна Полска, пишува Дејли мејл. Првите две бебиња беа пронајдени во петокот, но дополнителните истраги открија трето тело во „напредна фаза на распаѓање“ во саботата.

Мариуш Душински од Окружното обвинителство во Гдањск изјави: „Девојката е обвинета за две точки од обвинението за убиство и обвинение за инцестуозна врска со нејзиниот татко. Мажот е обвинет за три точки за убиство, инцест со неговата 20-годишна ќерка и обвинение за инцестуални односи со друга ќерка“.

Според обвинителите, двете убиени деца потекнуваат од неговата врска со 20-годишната ќерка за која велат дека била во консензуална врска со него. Третото дете било од врската што ја имал со другата ќерка откако ја принудил на секс. Обвинителите додадоа дека го сомничат за убиство на третото бебе.

До откритието дошло откако полицијата добила дојава од социјалната служба. Откако се преселил во селото пред околу 15 години, Пјотр останал да ги одгледува своите деца по смртта на неговата сопруга.

Еден локален жител за весникот „Супер експрес“ изјави: „Таткото остана сам со децата. Ги има многу, десет или дванаесет, најстарите веќе си заминаа. Ги однесе децата на прошетка или во шума да берат печурки, но никој не би помислил дека такви гадости постојат во нивниот дом“.

Но, колегите од слаткарницата каде што работела ќерката Паулина во соседното село Стара Кишева се посомневале дека е бремена откако почнала да носи широка облека. Потоа земала три недели одмор од работа, но се вратила една недела подоцна.

„Сите претпоставувавме дека е бремена, мислам дека врза ремени околу себе како корсет. Кога се врати порано од одмор, промената беше видлива. Беше многу послаба и постојано уморна. Кога ја прашувавме за детето, таа глумеше изненадена и негираше“ вели вработена од продавницата.

Друг колега на Паулина, наводно, ги предупредил социјалните служби откако видел вознемирувачка СМС порака што 20-годишната девојка му ја испратила на нејзиниот татко.

Обвинителите сега чекаат обдукција за да се утврди како починале бебињата. Во меѓувреме, полицијата продолжува да го пребарува имотот за да види дали има уште тела скриени во куќата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот