Уапсени стотици демонстранти во Мјанмар во најголемата акција од почетокот на протестите

Полицијата во Мјанмар денеска уапси стотици демонстранти во најголемата акција од почетокот на протестите на граѓаните против воениот пуч на 1 февруари, кога беше соборена владата на премиерката Аунг Сан Су Чи, соопшти Асоцијацијата на политички затвореници.

„Дефинитивно можеме да потврдиме дека има стотици апсења”, се вели во соопштението на Асоцијацијата.

Во соопштението се додава дека десет автобуси со уапсени се упатиле кон затворот во Инсеин и дека во секое возило имало помеѓу 40 и 50 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот