Уапсени седум лица во Франција, планирале терористички напад

Фото: Профимедиа

Во Франција уапсени се седум лица кои планирале да извршат терористички напад во градот Брест.

Според француските медиуми, седумте лица кои планирале да извршат терористички напад се на возраст од 28 до 38 години, додека акцијата за нивно апсење е направена од единиците за внатрешно разузнавање.

Осомничените исто така во исто време планирале да отпатуваат во Ирак и Сирија.

На 27 јуни 2019 година во Брест, како последица од отворање на оган во џамија, беа повредени две лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот