Уапсени разузнавачи од АНБ, уценувале угледни бизнисмени со лажни кривични пријави

Лисици
Апсење / Фото: МИА

Полицијата постапувајќи по налог на шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска уапси неколку припадници на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) кои рекетирале познати скопски бизнисмени.

Станува збор за истражители на АНБ кои ја злоупотребиле својата положба и преку креирање на фиктивни кривични пријави уценувале сопственици на угледни компании, потврдија од истрагата за „Слободен печат“.

Дознаваме дека еден од приведените припадници на АНБ е фатен со 5.000 евра поткуп кој го изнудил од уценувана жртва во локал во скопски Карпош.

Истражителите ги запленуваат и компјутерите и телефоните на разузнавачите од АНБ кои се вмешани во скандалот со рекет на угледни бизнисмени.

Обвинителството повеќе детали за оваа акција ќе соопшти во текот на утрешниот ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот