Уапсени 14 гостиварци, биле на излет и пукале од огнено оружје, заталкан куршум завршил во жена

Илустративно фото: David Crausby / Alamy / Profimedia

Ноќеска во 01.30 часот во гостиварско Чегране, полициски службеници од Полициското одделение Чегране при Секторот за внатрешни работи Тетово лишиле од слобода 13 лица од Чегране и едно лице од Гостивар.

„Уапсените лица околу 20.30 часот во близина на селото организирале излет и се сомничат дека пукале од огнено оружје, а еден заталкан куршум ја повредил 52-годишната Р.Ф., која била во двор во селото. Таа била пренесена во Ургентен центар Гостивар каде и била укажана лекарска помош. Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од Секторот за внатрешни работи Тетово.

За време на семејни веселби, а во последно време и на разни забави и излети во полошко се почеста е употребата на огнено оружје и пиротехника.

Апелите како и превентивно-едукативните активности на полицијата како последната „Слави со срце не со оружје“ за запирање на ваквата практика се постојани, но навиката кај луѓето во полошко не се менува.

Вчера исто така во 22.25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во двор од куќа на ул.,,107“, при семејна забава, биле употребени пиротехнички средства. Полициски службеници излегле на местото, а на сопственикот му бил поднесен соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот