Уапсена вработена во Клинички бидејќи крадела лекови

Архива на СП

Вработена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје е осомничена за кражба на лекови во клиниката каде што била вработена. При претрес на нејзиното возило биле пронајдени лекови во вид на ампули кои и биле доверени и за кои била задолжена.

На 28.02.2023 во 13.30 часот во Комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода А.О.(28) од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „послужување”, казниво по член 240 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Предметите биле одземени и вратени на одговорното лице во Клиниката.

Со А.О. бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот