Фото: илустрација / Слободен печат

Уапсена е жената која со „Мерцедес“ смртно прегази човек во Волково

Жената која вчера во Волковосо автомобил прегази човек, кој загина на самото место, е уапсена доцна синоќа, соопшти МВР.

Несреќата се случи околу 20:55 часот на улицата „100“ во Волково.

„40-годишната М.С. од Скопје, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски таблички, удрила во пешакот Г.И. (60) од Волково. Поради тешките повреди, пешакот починал на самото место, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. По пријавата, на местото на настанот извршила увид увидна екипа од СВР Скопје. Жената била лишена од слобода во 00:45 часот на 4 јануари“, пишува во полициското соопштение.

По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена кривична пријава по член 300 од Кривичниот законик, за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

Скопјанец со мотор смртно прегазил пешак во населбата Даме Груев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот