Фото: ffm.mk

У21: Пораз на македонските фудбалери во пријателскиот меч против Бугарија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 21 година е поразена од соодветната селекција на Бугарија со 1:0 на пријателскиот натпревар одигран во Софија.

По израмнетото прво полувреме, во кое двете репрезентации имаа свои моменти, но не успеаја да создадат посериозна закана пред противничките голови, домаќините дојдоа до водство на почетокот од вториот дел. Во 50 минута Стивен Стојанчов го постигна единствениот погодок на средбата, кој на крајот се покажа како решавачки.

Македонските фудбалери се обидоа да одговорат и да стигнат до израмнување, создавајќи неколку ветувачки акции пред голот на Бугарија, но недостасуваше завршницата за промена на резултатот.

За избраниците на селекторот Горан Станиќ ова беше единствениот контролен натпревар во рамки на актуелниот репрезентативен прозорец. Средбата претставуваше добра можност за стручниот штаб да провери неколку нови фудбалери.

Македонија до 21 година: Љупче Џеков (г) (Васко Василев), Андрија Димески, Давид Стојаноски, Реџеп Мурати (Адис Мурати), Ѓорѓе Џеков (к), Димитар Данев (Марко Николовски), Матео Софијаноски, Илија Масларов (Мухамед Елмас), Адмир Љатифи, Харун Незировски (Никола Манојлов), Матеј Гаштаров (Дино Михолов).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот