Фото: ffm.mk

У17: Македонските фудбалери ќе играат два меча против Грузија во Тбилиси

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години од 22 до 27. февруари против Грузија ќе одигра два контролни натпревари. Двата меча, селекцијата предводена од Влатко Колев, ќе ги одигра на гостински терен во Тбилиси.

Селекторот Колев ќе смета на следните повикани фудбалери:

ГОЛМАНИ: Амин Суљовиќ (СКОПЈЕ), Даријан Денковски (МАКЕДОНИЈА Ѓ.П.), Ринор Цека (ШКЕНДИЈА);

ОДБРАНА: Грегоријан Михајловски (СЕРВЕТ, ШВАЈЦАРИЈА), Самуел Вртковски (МАКАРТУР БУЛС, АВСТРАЛИЈА), Филип Цветковски (ВАРДАР), Тео Стојчевски (ВАРДАР), Давид Лиотоски (РАБОТНИЧКИ);

СРЕДЕН РЕД: Арда Иљазовски (Б93 Данска), Мелдин Аломеровиќ (СЛОВАН ЉУБЉАНА, СЛОВЕНИЈА), Блерон Буши (РАБОТНИЧКИ), Алекса Јазагиќ (МАКЕДОНИЈА Ѓ.П.), Марко Мирчевски (ОХРИД ЛИХНИДОС), Лука Јасмин Георгиев (ВАРДАР), Лука Кнежевиќ (МАКЕДОНИЈА Ѓ.П.), Павел Рибарски (ВАРДАР);

НАПАД: Александар Петровски (ЦРВЕНА ЗВЕЗДА, СРБИЈА), Андреј Цветковски (ВАРДАР), Васко Папалиски (СКОПЈЕ), Павел Миронски (МАКЕДОНИЈА Ѓ.П.), Павел Рибарски (ВАРДАР);

Нашите фудбалски надежи се подготвуваат за квалификациската фаза од Елитната рунда за пласман на Европското првенство. За место на континенталниот шампионат Македонија ќе се соочи со Германија, Франција и Словенија. Турнирот ќе се одигра кон крајот на март, а пласман во завршницата обезбедува само освојувачот на првата позиција.

Завршницата на Европското првенство ќе се одржи од 25 мај до 7 оваа година во Естонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот