Фото: ffm.mk

У17, Колев: Мечевите со Германија, Франција и Словенија ќе бидат големо искуство

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години е дел од елитните квалификации за пласман на Европското првенство. По одличните настап во претходната фаза, составот предводен од селекторот Влатко Колев го очекуваат нови, големи предизвици.

На турнирот што ќе се одржи во Словенија, нашите надежи ќе се соочат со исклучително тешки противници каде покрај мечот со домаќинот се среќаваме со селекциите на Германија и Франција.

-Со самиот пласман во елитната фаза од квалификациите за Европското првенство, оваа генерација постигна голем успех. И покрај фактот што имаме исклучително тешки противници ќе се обидеме да направиме изненадување и нашата цел е да освоиме што е можно повеќе бодови. На турнирот ќе се соочиме со великаните на европскиот фудбал Германија и Франција, а тука е и домаќинот Словенија. Верувам дека фудбалерите кои ќе настапат на овој турнир ќе одиграат на највисоко ниво и дека ќе бидеме рамноправни во дуелите со фаворизираните противници. Момците се максимално подготвени за следните предизвици и дека претстојните три натпревари ќе бидат уште едно големо искуство за оваа талентирана генерација – изјави Колев.

Прв противник во квалификациите ни е репрезентацијата на Германија, а натпреварот ќе се игра денеска од 16.00 часот.

На 28 март во истиот термин се среќаваме со Франција, а на 31 март ривал ни е Словенија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот