Твитер забранува споделување фотографии и видеа без согласност

Твитер/ Фото: МИА

Твитер соопшти дека нема да дозволи споделување приватни медиумски податоци, како што се фотографии и видеа, на својата платформа, без согласност на лицето кое е на нив.

Политиката за приватност на компанијата веќе забранува споделување на туѓи приватни податоци, како телефонски броеви, адреси и лични карти.

„Кога поединци кои се прикажани или овластени претставници ќе не известат дека не дале согласност за споделување на нивните приватни фотографии или видеа, ние ќе ги отстраниме”, соопштија од Твитер.

Основачот и извршен директор на Твитер, Џек Дорси во понеделникот поднесе оставка како прв човек на таа социјална мрежа.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот