Твитер ќе воведе златни и сиви знаци за верификација

Твитер верификација/ Фото Priyanka Naskar / Alamy / Alamy / Profimedia

Илон Маск најави дека од следниот петок Твитер ќе воведе златни и сиви знаци за верификација, покрај стандардните сини ознаки.

„Златните знаци ќе бидат за компаниите, сивите за владите, додека сините ќе бидат за поединци (без разлика дали се познати или не)“, напиша Маск на својот Твитер профил.

Тој исто така додаде дека сите профили ќе бидат темелно проверени пред да добијат ознака.

„Поединците ќе можат да додадат мало лого до ознаката за проверка што ќе покаже на која организација припаѓаат, но само ако бидат одобрени од компанијата“, рече Маск и додаде дека следната недела ќе открие повеќе детали.

Твитер неодамна го одложи воведувањето на новиот „син тик“, кој требаше да стане достапен за сите корисници за 8 долари месечно. Тој најави дека новите сини ознаки повторно ќе бидат достапни од 29 ноември.

Воведувањето на новиот модел сини ознаки беше одложено поради огромниот број на лажни профили, од кои некои го имитираат и самиот Маск. Синиот знак беше прашање на престиж и можеше да го добијат само проверени профили, како оние на политичари, познати личности, новинари и други јавни личности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот