Твитер го одложи почетокот на наплатата за верификација на профил

Лого на Твитер / Фото: EPA/ANDREW GOMBERT

Твитер ќе го одложи почетокот на наплатата за месечната услуга за проверка на сметката од 7,99 долари.

Оваа одлука е одложена, но ќе биде воведена по меѓизборите во САД на 8 ноември, објави Њујорк Тајмс, пренесе Ројтерс.

Твитер во саботата објави дека лансирал услуга за претплата од осум долари месечно, која вклучува добивање на сина ознака што ја имаа досега проверените сметки, бидејќи новиот сопственик Илон Маск започна со ревизија на системот за верификација на платформата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот