Турција бара ЕУ да не ја дели од земјите на Западен Балкан

Министерот за надворешни работи на Турција, Метвју Чавушоглу/Фото: Профимедиа/ AFP PHOTO / TURKISH FOREIGN MINISTRY / FATIH AKTAS

Турција аплицираше за влез во Европската економска заедница – претходната институција на ЕУ – во 1987 година, додека преговорите за членство во ЕУ ги има започнато во 2005 година.

Tурскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу испрати писмо до шефот за надворешна политика на Европската Унија, Јосеп Борел, во кој бара, Турција да не се третира одделно од Западен Балкан, кога е во прашање интеграцијата во ЕУ.

Писмото, видено од Радио Слободна Европа, е од 22 јануари и во неа се потенцира гледиштето на Турција спрема политиката на ЕУ за проширување.

Чавушоглу напишал во писмото дека земјите од Западен Балкан не треба да се третираат различно од Турција.

– Сите земји треба да се третираат на ист начин. Се надеваме дека ќе видиме позитивни чекори во текот на вашиот мандат кои ќе стават крај на вештачката поделба помеѓу Западен Балкан и Турција-, напишал во писмото Чавушоглу.

– Освен фактот дека Турција е Балканска земја поради историјата, културата и нејзината географија, секоја земја кандидат треба да биде оценувана врз нејзините заслуги и еднакви околности-, рекол Чавушоглу.

Турција аплицираше за влез во Европската економска заедница – претходната институција на ЕУ – во 1987 година, додека преговорите за членство во ЕУ ги има започнато во 2005 година.

Овие преговори се во застој последните години поради критиките на ЕУ, во врска со граѓанските права во Турција и владеењето на правото.

Актуелно, 14 од 33 поглавја кои Анкара треба да ги затвори за да биде членка на ЕУ, се замрзнати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот