Турците најдоа решение за кучињата скитници
Во Турција, според последните податоци што ги соопшти министерот за внатрешни работи Мустафа Чифчи, веќе се згрижени 81 отсто од животните скитници во 81 округ во земјата, објави турската државна телевизија „ТРТ хабер“.
Препорачано
Информацијата беше соопштена при презентацијата на новата мобилна апликација за контактирање на бројот за итни случаи, преку која граѓаните ќе можат да пријавуваат и повредени животни.
– Вкупно 81 отсто од животните скитници се згрижени во сите 81 округ на Турција. Од нив, 19 отсто остануваат вон прифатилиштата. Нивното згрижување е важно и за безбедноста на граѓаните и за здравјето на самите животни – изјави Чифчи, додавајќи дека животните ќе бидат сместени во модерни прифатилишта.
Преку апликацијата, освен повредени животни, ќе може да се пријавуваат и незгрижени животни, со испраќање фотографии од нив.
Чифчи последен пат ги презентираше статистичките податоци за згрижените бездомни животни во април, кога соопшти дека биле згрижени 75 отсто од нив.
Во Турција претходно беше донесен закон со кој се предвидува милиони кучиња скитници да бидат сместени во прифатилишта. Отстранувањето на животните од улиците почна пред речиси две години. Во тоа време, градот Истанбул наложи животните скитници во метрополата да бидат примени во прифатилишта до крајот на мај 2026 година.
Според турското Министерство за земјоделство и шумарство, во земјата има околу четири милиони кучиња скитници. Здружението на ветеринари, пак, проценува дека нивниот број надминува осум милиони единки.
Полицијата го опколила човекот што изврши масакр во Турција – тој си пресудил


