Турција нема „резерви” за набавка на повеќе С-400 од Русија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган / Фото: Youtube Screenshot akparti org tr

 Турција размислува за купување на уште една серија на ракетен одбранбен систем С-400 од руско производство, и покрај тоа што тоа е точка на сопнување во односите со НАТО сојузникот, САД, јави ДПА.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека „нема резерва” во врска со можноста да купи повеќе С-400, информира државната новинска агенција Анадолија. Ердоган додал дека за ова прашање ќе разговара на следното патување во Русија.

Шефот на рускиот државен извозник на оружје Рособоронекспорт, Александар Микејев, пред неколку дена изјави дека преговорите со Турција за купување на повеќе С-400 се при крај.

– Во блиска иднина, ние и нашите партнери ќе започнеме со изготвување и потпишување договор, рече Микејев.

Турција и САД долго време беа во расправија околу купувањето на одбранбениот систем, а минатата година, за време на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, САД воведоа санкции поради тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот