Турција не попушта: Нема влез за Финска и Шведска во НАТО без „конкретни мерки“

Ибрахим Калин / Фото Ozan KOSE / AFP / Profimedia

Турција нема да се согласи со приемот на Шведска и Финска во НАТО доколку не преземат „конкретни мерки” за безбедносните прашања што ја засегаат, предупреди денеска висок претставник на турското претседателство.

Ибрахим Калин, портпарол на турското претседателство и близок соработник на претседателот Реџеп Таип Ердоган, прими делегации на дипломати од двете земји.

– Јасно им кажавме на нашите соговорници дека процесот (на нивното пристапување во НАТО) не може да напредува додека не се исполнат безбедносните грижи на Турција, со конкретни мерки и конкретни датуми, рече тој по петчасовните разговори.

Тој додаде дека соговорниците го забележале тоа и дека ќе го пренесат на нивните влади.

– Ќе продолжиме со разговорите кога ќе го добиеме нивниот одговор на нашите барања, изјави Калин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот