Турција им даде рок од 72 часа на Дојче веле, Гласот на Америка и Еуроњуз да извадат работни дозволи

Фото: МИА

Три меѓународни медиуми имаат 72 часа да добијат работна дозвола или Врховниот совет за радио и телевизија на Турција (РТУК) ќе го блокира пристапот до нивните платформи, соопшти денеска член на РТУК, јави германската агенција ДПА.

Илхан Ташчи, еден од деветте членови на комисијата на РТУК кои гласаа против, го критикуваше потегот на телото да бара лиценци од веб-страниците на германската телевизија Дојче веле, Гласот на Америка и Еуроњуз, опишувајќи го како нов напад врз слободата на медиумите во Турција.

„Со мнозинство гласови беше донесена одлука на веб-страниците amerikaninsesi.com, dw.com/tr и tr.euronews.com да им се дадат 72 часа да добијат лиценци”, напиша Таши на Твитер.

Портпаролот на Дојче веле рече дека се уште не може да го коментира случајот бидејќи сè уште не добиле официјално известување од РТУК.

Турција го зголеми медиумскиот надзор во последниве години, откако ја овласти РТУК да врши контрола врз целата онлајн содржина и со право да ја отстрани. Околу 90 отсто од главните турски медиуми денес се во сопственост на државата или луѓе блиски до владата.

Ташчи, исто така опозициски пратеник, рече дека слободата на медиумите е вистинска цел на РТУК.

„По националните медиуми, дојде на ред надзор и замолчување на меѓународните портали за вести”, предупреди тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот