Тупанчески: Поглавјето 23 е клучно за процесот кон ЕУ, од нас се бараат брзи и ефикасни резултати

Никола Тупанчевски, министер за правда/Фото: Скриншот/Радио Слободна Европа

Министерот за правда Никола Тупанчески и заменик министерот за правда Агим Нухиу кои се во дводневна посета на Тирана остварија средба со министерот за правда на Република Албанија, Улси Мања.

На заедничката прес конференција Тупанчески и Мања информираа за реформите во правосудниот систем на двете држави, процесот на пристапни преговори за членство во ЕУ. Министерот за правда Тупанчески рече дека меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија нема отворени прашања.

„Имаме заедничка цел, а тое е ЕУ. Поглавјето 23:Правосудство и темелни права е клучно за реформите. Токму поради тоа неопходно е двете држави во наредниот период да ја интензивираат соработката и да разменат искуства, идеи и мислења.Убеден сум дека двете влади имаат волја заеднички да ги решаваат проблемите.Зајакнувањето на правните системи, како и зголемувањето на ефикасноста на правосудниот систем, ќе придонесе да се достигнат меѓународните стандарди на двете земји” изјави Тупанчески.

Министерот за правда на Албанија Улси Мања информираше за процесот на ветинг кој според него бил исклучително сложен но сепак дал позитивни резултати. Дури 60% од судиите и обвинителите ја напуштиле функцијата поради неможноста да го докажат потеклото на имотот.Тупанчески го информираше Мања и за процесот на регистрација на бугарски здруженија во нашата држава и мерките кои ги презема Министерството за правда околу подготовката на Законот за здруженија и фондациии.

Беше отворено и прашањето за правата на малцинствата во Албанија со посебен акцент на примената на Законот за малцинства на Република Албанија.Двајцата министри се договорија соработката на билатерално ниво да се интензивира во наредниот период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот