ФОТО | Туна Сејдиу од Сирија се врати целосно променета: Заминавме од таму, но сликите што ги видов засекогаш ќе останат врежани во мојата меморија

Фото: Facebook

Туна Сејдиу, во рамки на хуманитарна организација, беше во посета на Сирија. На својот Фејсбук профил сподели фотографии од посетата на оваа земја, но и текст каков што никогаш до сега не сме прочитале од неа. Дали навистина Сирија толку многу влијаела на оваа пејачка, останува времето да покаже, но несомнено е дека ваквите искуства допираат и до најтврдите срца. Во продолжение ви го пренесуваме текстот на македонски:

– Кога последен пат се почувствувавме благодарни за животот што го имаме? Креветот каде што секоја вечер легнуваме, масите со храна што нè заситуваат, разните можности …

Абдурахим, Абуде, Газел, Семира, Али, Сена …. се само некои од децата во сиропиталиштето Таиибе, нашата прва станица. Тоа беа децата што ги запознавме, чии приказни беа едни од потажните. Нашата дводневна посета беше иницирана од швајцарското непрофитно здружение „За насмевка на децата“, основано во 2019 година за поддршка на семејствата и децата во неволја погодени од природни катастрофи и човечко уништување. Покрај тоа, запознав 4 прекрасни жени – 4 мајки, пред сè моќни, бестрашни жени кои неколку пати ја посетиле Сирија и други земји, како Јемен, Либија, Швајцарија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Газа, Турција, Бангладеш, итн. Сето ова со визија. Госпоѓа Емине, Џемиле, Пемба и Хасрет, ми беше задоволство да ги слушнам како страсно зборуваат за нивната мисија и нејзините резултати. Се чувствував како да гледам серија од повеќе сезони со многу епизоди со среќен крај. И крајот беше секогаш среќен. Додека ги гледав таму со каква искрена љубов им се посветуваа на локалното население, ја разбрав причината за нивниот успех.

Фото: Фејсбук

Ајкуна и нејзиниот сопруг Агрони, мои драги пријатели, ме поканија да се приклучам на иницијативата. Од првата секунда реков „да“ без двоумење. Не ја споменав оваа покана и мојата потврда никому, бидејќи се очекуваше да бидам спречена. „Сега си мајка и мораш да мислиш само на себе“ беа коментарите со кои се обидуваа да направат да се двоумам, да ме направат свесна дека заминувам некаде каде што го ставам животот во опасност, каде што немам гаранција на безбедност … да, тргнав во област каде што продолжуваат жестоките борби и секој момент е непредвидлив и може да стане фатален.

Фото: Фејсбук

Мораш лично да ги знаеш Ајкуна и Агрон за да разбереш зошто воопшто не ја одбив поканата. Не случајно нивниот бизнис стана меѓу врвните компании и не случајно „Ајкуна“, сега многу почитувано име во шоубизнисот, не само албанскиот, влезе во конкуренција со светски брендови за производи за коса.

„За насмевка на децата“ досега спроведе бројни проекти не само во Сирија, туку и во сите погодени земји во светот, давајќи сериозни донации. И ДА – им донесоа насмевки на децата таму, на нивните семејства, на злоставуваните жени итн. Организацијата, од нејзиното основање беше во партнерство со „Кизилај Турција“, кои ги следат на секој чекор. Моето максимално воодушевување оди кај момците од здружението кои не нè оставија сами во ниту една секунда. Водачите Кадир и Хакан бег и нивната војска – момчињата со огромно срце беа хероите на децата … ги држеа во скут, ги хранеа, ги чешлаа, го знаеја секое дете по име и историја.

Внимателно слушав и читав за ова место, но да го видам и слушнам директно од устата на оној што го доживеал и го доживува, да ја слушнам болката во гласот што зборува, целосно ги промени моите погледи за животот…

Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Извор: Еспресо.мк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот