Тухел ќе добие отказ доколку не слави против Елмас и Елези

фото: EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Фудбалерите на Баерн Минхен се во резултатска криза, два порази од Баер во Леверкузен и Лацио, за големи чекори назад во Бундес лигата и Лигата на шампионите. Ваквите игри би можеле наскоро да значат и отказ на тренерот Томас Тухел доколку продолжи со такво темпо.

Тухел и управата на клубот имаа разговор и на тренерот му беше даден рок од три натпревари да ги поправи работите или ќе добие отказ. Баерн во наредниот период ќе игра на гости кај Бохум на Агон Елези и Фрајбург, како и против Лајпциг на Елиф Елмас на „Алијанц Арена“ и доколку не ги добие сите три, се очекува да ја напушти клупата.

Засега ја има поддршката од клубот, но прашање е уште до кога, особено по поразот во Рим. Неговата клупа се тресе и ако не слави во Бохум, веќе во недела може да ги спакува куферите.

Тухел во Баерн дојде минатиот март наместо Јулијан Нагелсман, ја освои шампионската титула на Германија благодарение на поразот од Борусија Дортмунд во последното коло, а оваа сезона веќе испадна од четвртолигашот Сарбрикен во Купот.

Сè поголем е притисокот врз Тухел, моментно во Бундес лигата по 21 коло Леверкузен води со 55 бодови, пет повеќе од второпласираниот Баерн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот