Трпковска тврди: Обвинетата Ангела ми беше сомнителна уште првиот ден

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Имав две деца. Сега имам само едно. Едното дете ми е убиено, изјави со солзи во очите Маја Трпковска, мајка на убиениот Пино Секондо.

– Тешко ми е кога сум дома, тешко ми е да влезам во соба на моето дете – изјави Трпковска.

Поради работата на нејзиниот сопруг таа рече дека живееле во Италија, еден период и во Романија каде минале осум години.

– На Пино најубаво му беше во Македонија и тука сакаше да остане. Тој сакаше тука да отвори кафетерија и работилница за возила. Сон му беше да работи со возила. Пино имаше девојки, но имаше и такви кој излегуваа со него од економски причини. Обвинетата Ангела Ѓорѓиевска не му беше вистинска девојка, туку девојка од вториот вид кој ви го опишав. За тоа имам видео докази, но и ги имам прочитани и пораките од нив двајца. Тоа го знам будејќи таа има доаѓано кај нас дома за да водат љубов. Тоа ми го има кажано мојата внука – тврди Трпковска.

Трпковска рече дека поради болест на сопругот, целото семејство било во комуникација.

– Кобната вечер Пино му кажал на татко му дека ќе оди да се види се некоја девојка. Таа вечер со помалиот син се враќавме од Италија кон Македонија. Следниот ден пристигнавме дома. Кога дојдовме дома, сопругот не беше на работа туку дома и беше вознемирен бидејќи Пино не се вратил. Двата телефони му беа исклучени. Помисливме да не имал несреќа, па го баравме по болници, но не го најдовме. Почнавме да го бараме кај другарите за да видиме со кое девојче требало да се види вечерта. Дознавме дека во преписка меѓу другарите дека “сигурно отишол да се види со ќоравата Ангела од Ѓорче”. Токму Ангела му потврдува на другар на Пино дека се виделе претходната вечер. Се обидов да ја добијам на телефон, но не ми се јави. Попладнето пријавив во полиција дека го нема Пино. Токму тогаш ми се јави Ангела и ми кажа дека вечерта се видела со Пино накратко и тој си заминал. Тоа ми беше сомнително – рече Трпковска.

Таа изјави дека на 23 мај годинава во нејзиниот дом дошле полицајци кој и соопштиле дека коските кој се најдени кај скопското село Љуботен се на нејзиниот син.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот