Тројца заболени од Ковид-19 во Гевгелија

Направивме 650 тестирања кои ни помогнаа на време да ги нотираме носителите на вирусот, да ги изолираме нивните контакти и да не дозволиме да се зголеми бројот на инфицирани граѓани, рече епидемиологот Сашко Олумчев.

Тројца заболени од Ковид-19 има во општина Гевгелија, а на подрачјето што го покрива Подрачната единица на Центарот за јавно здравје има вкупно осум активни случаи од кои тројца во општина Дојран и двајца во општина Богданци, соопштија од Општата болница во Гевгелија.

– Ситуацијата во југоисточниот регион е стабилна. До овој момент одлично се справивме со оваа криза. Направивме 650 тестирања кои ни помогнаа на време да ги нотираме носителите на вирусот, да ги изолираме нивните контакти и да не дозволиме да се зголеми бројот на инфицирани граѓани, рече епидемиологот Сашко Олумчев.

Додаде дека во прилог на ова говори и фактот што од осумте активни случаеви во општините Гевгелија, Богданци и Дојран, дури седум се веќе во фаза на излекување, додека во самоизолација има 15 граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот