Тројца повредени во сообраќајка на патот Тетово-Јажинце

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на регионалниот пат Тетово – село Јажинце, во близина на селото Слатино, информираат од СВР Тетово.

Настанот бил пријавен на 23 јануари 2026 година во 11:20 часот, а според полициските информации, во судирот учествувале две патнички возила од марката „мерцедес“, двете со тетовски регистарски таблички. Со едното возило управувал А.И. (33) од селото Доброште, додека зад воланот на другото бил А.Х. (36) од селото Нераште.

Како последица на несреќата, двајцата возачи се здобиле со тешки телесни повреди, а сопатникот Б.А. (26) од селото Нераште со телесни повреди. Повредените биле пренесени во Клиничката болница во Тетово, каде им била укажана медицинска помош и биле констатирани повредите.

На местото на несреќата извршен е увид од страна на увидна екипа на СВР Тетово, а причините и околностите под кои дошло до судирот ќе се утврдуваат во текот на понатамошната истрага.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот