Тројца дебрани пукале од пиштол за забава на Дебарското Езеро, полицијата ги уапси

Дебарско езеро фото МИА

Полицијата завчера уапсила тројца жители на Дебар кои пукале од пиштол на брегот на Дебарското Езеро, соопшти МВР.

„На 03.06.2023 на брегот на Дебарското езеро, полициски службеници од ОВР Дебар ги привеле А.Р.(43), С.Ф.(27) и Д.А.(29), сите од Дебар. Тие се сомничат дека го нарушиле јавниот ред и мир со неовластено пукање од огнено оружје. Во нивна близина, во објект во изградба, биле пронајдени 12 чаури калибар 7,62 милиметри пиштолска муниција“, велат од полицијата.

По целосното расчистување на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот