Трка за претседателска номинација во САД: Кои се победниците, а кои губитниците на изборите во Њу Хемпшир

Фото: ЕПА

На изборите во сојузната американска држава Њу Хемпшир, сенаторот од Вермонт Берни Сандерс ја прослави долгоочекуваната победа, која му побегна една недела претходно во Ајова. Но уште една, поранешниот градоначалник на Саут Бенд во Индијана, Пит Бутиџиџ му направи сериозни проблеми.

Сенаторкат од Минесота, Ејми Клобучар, оствари значително посилен пласман од очекуваното, пласираќи се на тратата позиција и со тоа отвори нова трка на „умерените демократи“ со Бутиџиџ.

Српски „Блиц“ ја пренесе анализата за тоа кои се победниците, а кои губитниците на изборите во Њу Хемпшир.

ПОБЕДНИЦИ

Берни Сандерс

Демократот од Вермонт во Њу Хемпшир можеше најмногу да загуби, но сепак од гласањето излезе како најголем победник. Околу 280.000 демократи гласаа во државата Њу Хемпшир, а Сандерс доби 26 отсто од гласовите.

Фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA

Победата на Сандерс го зацврсти неговиот статус за национален фаворит, бидејќи на својата страна привлече повеќе делегати и финансиски средства во однос на неговите ривали.

Сега следат изборите во Невада и во другите големи сојузни држави, кои дополнително ги компликуваат работите. Тешко е да се верува дека Сандерс може да оствари убедлива победа во Невада како што тоа го направи во 2016 година. Бутиџиџ и Клобучар покажаа дека умереното крило на партијата не е подготвено да се откаже и да го поддржи Сандерс.

Она што на Сандерс сега му оди во прилог е историјата: ниту еден кандидат на демократската партија во модерната историја не победил на претседателските избори, ако не бил прв или втор на прелиминарното гласање во Њу Хемпшир.

Ејми Клобучар

Сенаторката со словенечко потекло беше најголемо изненадување на вечерта. Таа го освои третото место по добриот перформанс на дебатата каде ги придоби гласачите, најверојатно оние на Бутиџеџ.

Ова е голем успех за неа, со оглед на тоа дека во Ајова беше само на петтата позиција.

Фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Прашање е дали Клобучар може да го оддржи тој импулс. Нејзината кампања веројатно сега ќе добие поголеми количества на пари, но на неа како кандидат ѝ недостасуваат значајните организации во Невада или Јужна Каролина и таа дури сега почнува да го пренасочува фокусот на овие сојузни држави. Освен тоа, таа досега не покажа дека може да ги привлече латиноамериканските или афроамериканските гласачи.

Пит Бутиџиџ

Поддржувачите на Бутиџиџ можеби се надеваа на нова победа по добриот резултат во Ајова. Меѓутоа, втората позиција во Њу Хемпшир е одлична за младиот кандидат кој многумина брзо го прогласија за аутсајдер.

Бутиџиџ сега има блага предност во вкупниот број на делегати кои го поддржаа.

Фото: EPA-EFE/KATHERINE TAYLOR

Сепак, Клобучар му зададе удар, бидејќи на своја страна привлече луѓе кои можеби би гласале за поранешниот градоначалник на Саут Бенд.

Сега и пред него е предизвикот да ги привлече гласовите на латиноамериканците и афроамериканците и другите групи во државите како Невада.

Доналд Трамп

Американскиот претседател, очекувано, оствари убедлива победа и во Њу Хемпшир, а како што оценува „Гардијан“, тој е еден од победниците и поради тоа што јасно е дека меѓу демократите има се поголем јаз кој ја дели партијата на левичари и центристи.

Фото: EPA-EFE/DAVID MAXWELL

Освен тоа, медумското следење на изборите го сврте вниманието од шокантното мешање на Трамп во судењето на неговиот пријател Роџер Стоун, кој е прогласен за виновен поради тоа што лажел пред Конгресот и ја опструирал истрагата на Преставничкиот дом за вмешаноста на Трамп и Русија во мешањето на изборите во 2016 година.

ГУБИТНИЦИ

Џо Бајден

Бајден побегна од Њу Хемпшир пред затворањето на гласачките места и сега знаеме зошто. Падна на петтото место, и беше полош дури и од Елизабет Ворен.

Фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Тој исто така се здоби и со тежок удар, со оглед на фактот дека тој е кандидат чија главна порака е неговата „способност да победи на изборите“. Тргна директно во Јужна Каролина – сокајќи ја следната држава Невада – и иако многумина го сметаа за главен фаворит кај демократите, растат сомнежите во тоа дека тој може да победи.

Елизабет Ворен

Сенаторката од Масачусец очекуваше повеќе од само четвртото место од соседната држава Њу Хемпшир. Но, поради тоа што разочара двапати по ред, а по се изгледа дека оди по надолна патека, растат шансите таа да отпадне од трката.

Фото: EPA-EFE/GARY HE

Ендрју Јанг

Бизнисменот Ендрју Јанг официјално ја напушти претседателската трка по разочарувачкиот настап во Њу Хемпшир. Технолошкиот претприемач, кој сака на секој Американец да му обезбеди месечен приход, се здоби со мала армија на фанатични поддржувачи. Меѓутоа, не доби поддршка од доволно делегати и ја зазема дури осмата позиција.

Фото: EPA-EFE/KATHERINE TAYLOR

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот