Трипуновски: Состојбата со Дојранското езеро е катастрофална, хидросистемот Ѓавато не работи, водостојот е намален за 1,5 метри
Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска беше во работна посета на Дојран.
Препорачано
Тој заедно со дел од неговиот кабинет го посетија Дојанското Езеро и направија увид на актуелната состојба на езерото и на хидросистемот за спас на Дојранско Езеро.
Воочи дека состојбата со водостојот на езерото е катастрофална.
„Состојбата е катастрофална и водостојот на Дојранско Езеро е намален за 1.5м што го загрозува биолошкиот свет во езерото. Хидросистемот Ѓавато за спас на Дојранско Езеро започнува од местото Ѓавато и истиот не е во функција бидејќи со одлука на Влада се исклучени пумпите кој го снабдуваат овој систем со вода.Дополнително има информации дека од страна на концесионерот на Дојранското Езеро не се издаваат дозволи за рекреативен риболов бидејќи езерото се користи за стопански риболов односно максимално искористување на рибниот фонд од страна на концесионерот. Апел до Државниот земјоделски инспекторат да се изврши контрола за начинот на стопанисување со Дојранско Езеро“ изјави Трипуновски.
Трипуновски упати апел до Министерство за животна за животна средина, како одговорна институција за хидросистемот, веднаш да започне со санација на цевките и цевководот и да го стави во функција хидросистемот спас за Дојранско Езеро.


