Трик за најубава цветна градина – наводнете ги цвеќињата со овој раствор и погледнете ги неверојатните резултати
Раскошното цвеќе на терасите и градините се вистински украс на секој простор, но за да се зачува нивната убавина и здравје, растенијата бараат посебно внимание и грижа. Покрај редовното наводнување и отстранување на исушените делови, важно е да се внимава на прихрана на растенијата, како и заштитата од штетници.
Препорачано
Иако на пазарот има многу комерцијални препарати, понекогаш природните алтернативи се уште поефикасни и еколошки.
Природно ѓубриво за цвеќе
Доколку сакате да заштедите пари и да избегнувате хемиски препарати, природните состојки можат да бидат одличен начин за хранење на растенијата. Ренданите лушпи од банана, искористените кесички чај или лушпите од кромид се природни додатоци кои можат да ја збогатат почвата и да помогнат вашите цвеќиња да растат здраво.
Пивото како природно ѓубриво
Пивото одамна е познато како релаксирачки пијалак, но многу луѓе не знаат дека може да биде одлично и за растенијата. Пивото разредено со вода е вистинската тајна состојка за прекрасни цвеќиња.
Како да се подготви растворот?
Подготовката на овој раствор е многу едноставна. Истурете околу 100 мл пиво во шише од два литри и додадете вода. Добро протресете ја смесата и употребете ја за наводнување на растенијата, и во вашата градина, но и на оние во затворен простор. Овој раствор можете да го нанесувате еднаш неделно.
Пивото го подобрува растот на растенијата, ги прави поздрави, а цветовите ќе бидат побогати и поубави. Исто така, повремено можете да ги избришете листовите од собните цвеќиња со крпа натопена во пиво, што ќе им даде сјај. Овој природен трик не само што е еколошки, туку и ќе им даде на вашите растенија дополнителна сила и убавина.


