Триесет слемер(к)и ќе рецитираат за титула на 11. Национален Слем-натпревар

Во „Кино мис Стон“ во Прилеп, на 10 октомври, во 20.30 часот, ќе се одржи единаесеттиот национален Слем-натпревар. Настанот ќе се одржи со физичко присуство, но со запазување на пандемиските мерки.

За титулата национален/а победник/победничка се пријавиле повеќе од 30 слемер(к)и, а во живо ќе се натпреваруваат: Габриела Стојаноска – Станоеска, Горазд Китановски – Кени, Дарко Гроздановски, Дафина „Даффне“ Веселиноска, Дијана Петкова, Илијана Ѓоргиева, Ирена Јурчева, Корнелија Јосифова, Кристина Ставревска, Константин Карев, Марија Грубор, Марина Икономова Шокева, Никола Дукоски, Оливера Доцевска, Сандра Авросиевска, Софија Александар, Софија Бислимоски, Софија Тодороска, Тања Кузманоска, Тихомир Јанчовски и Цветанка Колева.

Традиционалниот национален слем-натпревар е во организација на „Театарска работилница“ – Прилеп и Игор Трпчески – Трпче и во коорганизација на Елена Пренџова.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 100, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 9-11 октомври 2021)

Видео на денот