Три сценарија за состојбата со Ковид-19 во земјава, според најлошото до 1 ноември ќе починат над 1.800 лица

Јуни 2020, Скопје / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Според проекцијата на американскиот Институт за здравствени мерења и проценки при Универзитетот Вашингтон од Сиетл, до 1 ноември во Македонија ќе починат 1.629 луѓе од КОВИД-19 ако продолжи олеснувањето на мерките за заштита сè додека дневната бројка на мртви не достигне 8 на 1.000.000 жители, кога повторно би се вовеле построги мерки,

Институтот покрај ова, предвидува уште две сценарија.

Најлошото сценарио е ако продолжи олеснувањето на мерките и никогаш не бидат вратени, и во тој случај проекцијата е 1.805 мртви до 1 ноември. Според најповолното сценарио, ако 95 отсто од граѓаните носат маски на јавни места, бројот на починати до 1 ноември би изнесувал 752.

 

 

 Заклучно со вчера, починати се 406. (Фото: принтскрин)

Според проекцијата за најлошото сценарио, бројот на починати би пораснал до 32 дневно до 1 ноември, додека во најповолното сценарио, таа бројка е 3 дневно.

Проекциите на Институтот за здравствени мерења и проценки се врз основа на бројките до 11 јули, кога имаше 380 починати во Македонија.

Заклучно со вчера, вкупно дијагностицирани со КОВИД-19 во земјава има 8.786, од кои оздравени се 4.676, починати се 406, а активни се 3.704.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот