Три држави го „скротија“ вирусот, вредноста на нивната валута расте

Дополнителна тежина на нивната успешна приказна додаваат и фактите што нивните соседи се држави тешко погодени од епидемијата, кои имаат голем број на заразени и починати од почетокот на пандемијата.

Австралија, Нов Зеланд и Јужна Кореа успешно се борат со пандемијата предизвикана од корона вирусот, а тоа се рефлектира и на растот на вредноста на нивните валути последниве неколку недели.

Дополнителна тежина на нивната успешна приказна додаваат и фактите што нивните соседи се држави тешко погодени од епидемијата, кои имаат голем број на заразени и починати од почетокот на пандемијата.

Австралија и Нов зеланд се наоѓаат на релативно цврста положба. Двете држави имаат силен одговор во сузбивање на вирусот, голем дел од примарните индустрии зе саштитени од успорување на потрошувачката и силата на фискалната реакција.

– Исто така факт е и дека Азија поефикасно го контролира вирусот од САД и Европа“, вели Тапас Стрикланд, директор за економија и пазар во Националната банка на Австралија.

САД имаат најголем број пријавени случаи во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот