Тренер на гимнастичка репрезентација осуден на 109 години затвор

Бразилски гимнастички тренер осуден на 109 години затвор/фото: EPA-EFE/GEORGIOS KEFALAS

Поранешниот тренер на гимнастичката репрезентација на Бразил, Фернандо де Карваљо Лопес е осуден на точно 109 години и осум месеци затвор поради силување на четири спортисти, помеѓу кои и најмалку едно лице.

Најголемата затворска казна во историјата на спортот е потврдена на судот во Сао Бернардо де Камп, во регионот на Сао Паоло.

Карваљо Лопес веднаш по првостепената пресуда најави жалба, бидејќи се смета за невин и дека целиот случај против него е поставен за да му се уништи животот, а веќе му е уништена кариерата каде важеше за еден од најдобрите бразилски тренери, општо во спортот.

Пред четири години 40 спортистки за ТВ каналот „Глобо“ изјавија дека биле жртви на морална, физичка и сексуална злоупотреба од споменатиот тренер, по што беше покренат целиот случај кој го згрози Бразил.

Во 2015 година се пишуваше за однесувањето на Карваљо, што го чинеше учество на Олимписките игри во Рио де Жанеиро со бразилскиот тим за гимнастика. Од 2019 година доживотно му е забрането да се занимава со било каков спорт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот