Трендафилов: Јас сум од Велес, вечерта имав телевизиско гостување и бев со службено возило
Возилото со кое е снимен претседателот на Сојузот на синдикати Слободан Трендафилов е службено, а тој за „Слободен печат“ раскажа зошто го користел во Велес, каде што живее, и зошто во него влегуваат неговите деца.
Препорачано
– Затоа што се возам сам, а не со возачи како што зборуваат, затоа што претходната вечер бев гостин во емисијата ТОП тема и се вратив од Скопје по 21:30 часот кога нема јавен превоз, затоа што сабајлето бев на работа и морав да го вратам возилото во Скопје, секако со патен налог. Моите деца немаат дадилка, малолетни се и се со својот родител. Јас тоа утро одев на работа – вели Трендафилов.
Тој и понатаму останува на ставот дека ова видео е наменско за да го заплашат поради борбата за поголеми плати на работниците.
– Главно прашање е како тоа некој ми ги следи децата, ми ги чека децата, а прашањето е и што доколку не биле со мене? Ако сакале да ме снимаат со службено возило, зошто тоа не го направиле додека сум бил сам? Ќе им позирав. Го згрешија денот. Моето гостување беше јавно, во рамки на фукцијата што ја вршам, секој можеше да го види – вели Трендафилов.


