Фото: Слободан Трендафилов, Фејсбук

Трендафилов чекаше, од Владата не дојдоа да потпишат спогодба за зголемување на минималецот

Во 9 часот во просториите на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска не се појави претставник на Владата, иако беше најавено потпишување на спогодба за зголемување на минималната плата на 600 евра нето, со примена од исплатата за февруари 2026 година.

Од ССМ информираат дека со спогодбата било предвидено и зголемување на останатите плати за најмалку 6.000 денари, со цел да се ублажи проблемот со ниските примања што ги земаат голем број работници во земјава.

„Денеска паднаа маските. Се потврди дека зголемувањето на платите не им е приоритет – ниту минималната, ниту останатите плати“, порачаа од Синдикатот, обвинувајќи ја Владата дека изминатите денови ширела дезинформации и создавала сомнеж кај работниците.

Од ССМ потсетуваат дека по силен работнички протест, Владата го прифатила предлогот на Синдикатот на УПОЗ за зголемување на платите во управата и правосудството, но, како што велат, колективниот договор требало веднаш да биде потпишан, без одлагање.

ВИДЕО+ФОТО | Работниците ѝ го свртеа грбот на Владата: Нашата борба продолжува!

Синдикатот реагира и на најавите за укинување на одредби од Општиот колективен договор, предупредувајќи дека тоа би значело реално намалување на платите за околу 21,8 отсто за над 130.000 вработени во јавниот сектор.

„Тоа значи да им се земат три парички на работниците, а да им се даде една – што е недозволиво“, велат од ССМ, додавајќи дека укинувањето на договорот би значело и губење на јубилејни награди, К-15 и други додатоци за плата.

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, праша дали Владата не само што не сака да ги зголеми платите, туку има намера и дополнително да им ги намали правата на работниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот