Тренчевска: Доколку ССМ достави барање за медијација во „Водовод”, МТСП ќе одреди медијатор

Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика / Утрински брифинг
Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Откако Сојузот на синдикати на Македонија најави дека ќе побара од Министерството за труд и социјала да се јави во улога на помирувач за да се изнајде решение во ЈП „Водовод и канализација”, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска истакна дека доколку од ССМ достават барање за медијација, МТСП ќе одреди медијатор.

Доколку ССМ достават барање за медијација, секако дека ќе постапиме согласно Законот и ќе одредиме медијатор, кој што ќе се обиде да го реши проблемот преку медијација за да може штрајкот во ЈП „Водовод и канализација” да биде ставен во мирување се додека не се изнајде решение – рече Тренчевска.

Таа посочи дека претходно кога СОНК достави барање до Министерството за труд и социјална политика да одреди медијатори, беше постапено по тоа барање и беше одреден медијатор кој успешно ја спроведе медијацијата и беше потпишана спогодба.

Денеска на полноќ истекува рокот што Синдикатот и го даде на градоначалничката Данела Арсовска за одржување средба на која би „ги соочиле аргументите” или во спротивно вработените во скопски „Водовод и канализација” ќе стапат во штрајк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот