Транспарентоста на институциите се подобрува, но сѐ уште е ниска

Иако во однос на лани има пораст, активната транспарентност на министерствата и општините и во 2019 година е на ниско ниво, заклучува Центарот за граѓански комуникации кој го објави рангирањето на институциите во однос на објавувањето информации од јавен карактер, изработен во март годинава.

Од можни 100 отсто, транспарентноста за 2019 е 56 проценти (лани бил 43,5%).

Друг заклучок од ова следење на транспарентноста е дека министерствата се подобри во оваа област од општините кои, пак, по двегодишно влошување, првпат бележат подобрување во активната транспарентност. Просечната активна транспарентност на министерствата изнесува 77,6%, додека на општините 51,7%.

Најдобро рангирана е општина Битола, а второ е Министерството за земјоделство. Во однос на регионите, Источниот Регион е прворангиран, додека Скопскиот Регион падна на последното место.

 

– Најмалку информации, и министерствата и општините, објавуваат за финансиите, и тоа министерствата 57%, а општините само 26% од информациите што треба да ги објавуваат.

Општините водат и во делот на рокот за кој одговараат на барањата за слободен пристап до информациите од јавен карактер- испратени на сите во ист ден и со иста содржина, општините одговорија во просек за 21 ден (лани за 20 дена), а министерствата за 34 дена (лани за 41 ден).

 

Но, за разлика од лани кога одговорија сите институции, годинава дури 12% од институциите не одговорија на барањата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот