Трансфер на денот, Чави го врати поранешниот соиграч во Барселона

Дани Алвеш осум години играше заедно со Чави Ернандез во Барселона/ фото: EPA/QUIQUE GARCIA

Иако вчера се појавија информации дека управата на Барселона се откажа од Дани Алвеш, денеска 38-годишниот бразилски репрезентативец се врати на „Камп Ноу“ и тоа на барање на тренерот Чави Ернандез.

Како што објави доброинформираниот италијански новинар Фабрицио Романо, договорот е експресно договорен  бидејќи Чави инсистираше на ангажманот на Дани Алвеш кој со своето искуство може веднаш да и помогне на екипата.

Алвеш во Барселона доаѓа како слободен играч и се очекува да потпише едногодишен договор.
Дани Алвеш е најтрофејниот фудбалер на светот со 43 освоени трофеи. Во Барселона играше осум години, од 2008 до 2016 година кога беше соиграч со Чави Ернандез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот