Пит Хегсет / Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Трамповиот министер за одбрана: Ќе го ослободиме Панамскиот Канал од кинеското влијание

Соединетите Американски Држави планираат да го отстранат кинеското влијание на Панамскиот Канал, изјави американскиот министер за одбрана Пит Хегсет за време на официјална посета на Панама.

По состанокот со претставниците на панамската влада, Хегсет најави јакнење на безбедносната соработка со панамските сили и порача дека Кина нема да може „да го претвори каналот во оружје“ користејќи ги економските врски на кинеските компании за шпионирање.

„Кина не го изгради овој канал. Кина не управува со овој канал и нема да го милитаризира. Во соработка со Панама, која е на чело на оваа иницијатива, ќе обезбедиме каналот да остане сигурен и достапен за сите народи“, кажа Хегсет на пристаништето во Панама Сири.

Низ Панамскиот Канал годишно минуваат над 40 отсто од американскиот контејнерски сообраќај, што вклучува стока вредна околу 270 милијарди долари и сочинува повеќе од две третини од бродовите кои секојдневно минуваат низ вториот најпрометен меѓуокеански пловен пат во светот.

Хегсет е првиот американски министер за одбрана кој ја посетил Панама во последните неколку децении, а неговата посета доаѓа откако протекоа информации дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп истражувала дури и воени опции за да обезбеди пристап до каналот. Клучната инфраструктурна точна во Средна Америка, која го скратува патувањето од источниот до западниот брег на САД по поморски пат за десетина илјади километри, е изграден од Америка пред повеќе од сто години, а Панама официјално го доби во 1999 година, откако цел век со него стопанисуваа САД. Трамп во изминатите месеци повеќепати го критикуваше тој договор, тврдејќи дека е лош за САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот