ТРАМП ЖЕСТОКО ВОЗВРАТИ НА ПОТСМЕВАЊЕТО: Трудо изгледаше фин, но е дволичен (ВИДЕО)

Фото: Smialowski / AFP / Profimedia

Американскиот претседател Доналд Трамп жестоко реагираше на снимката која утринава ја обиколи планетата, а на која се слуша како Емануел Макрон, канадскиот премиер Џастин Трудо, неговиот колега од Холандија, Март Руте и Борис Џонсон му се потсмеваат.

Трамп не бирајќи ги зборовите, го нарече Трудо дволичен, а потоа го откажал остатокот од прес-конференцијата на завршниот ден од НАТО Самитот.

– Џастин Трудо е дволичен. Изгледаше на фин човек, но искрено да ви кажам, кога го посочив заради фактот дека не издвојува два отсто за одбрана, видов дека не беше среќен за тоа. Тој не дава два отсто, а би требал. Канада има пари – напиша Трамп.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот