Трамп забранува илјадници ароми кои се користат во електронските цигари

Фото: Принтскрин

Претседателот на САД, Доналд Трамп, истакна дека неговата администрација ќе побара забрана за илјадници ароми што се користат во електричните цигари, како мерка за борба против малолетничкото користење на овие уреди.

Администрацијата за храна и лекови ќе изработи водич за отстранување од пазарот на сите вкусови за е-цигари освен тутун, изјави министерот за здравство, Алекс Азар, за време на настапот со претседателот и неговата сопруга Меланија Трамп.

Трамп рече дека пушењето на електрични цигари станува голем проблем и дека сака да ги алармира родителите за тоа што се случува.

– Луѓето ќе видат за што зборуваме и мислам дека ќе бидат многу построги кон своите деца –  додаде тој.

Меланија Трамп неодамна на „Твитер“ пишуваше за нејзината загриженост од големата приврзаност на децата со пушење електронски цигари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот