Доналд Трамп / Фото: EPA/YURI GRIPAS / POOL

Трамп: Војната со Иран ќе заврши кога ќе почувствувам во коските

Трамп во вчерашното интервју рече дека очекува конфликтот да заврши наскоро, но додаде дека може да продолжи и на неодредено време доколку е потребно

Американскиот претседателот Доналд Трамп во изјави за радио „Фокс њуз“ рече дека  конфликтот во Иран ќе заврши „кога ќе го почувствувам тоа, ќе го почувствувам во моите коски“, пишува Политко.

Администрацијата на Трамп испрати мешани сигнали за времетраењето на војната, при што високи претставници на администрацијата понекогаш сугерираа дека војната може да трае од денови до месеци.

Трамп во вчерашното интервју рече дека очекува конфликтот да заврши наскоро, но додаде дека може да продолжи и на неодредено време доколку е потребно. Претседателот ги отфрли извештаите дека САД се соочуваат со недостиг на муниција.

– Никој нема технологија или оружје што го имаме ние – рече Трамп.

Иако претседателот посочи дека одлуката за завршување на војната на крајот ќе се базира на негова лична проценка, тој рече дека се консултирал со високи советници, вклучувајќи го министерот за одбрана Пит Хегсет, државниот секретар Марко Рубио и потпретседателот Џ.Д. Венс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот