Трамп: Во џебот имам половина милијарда долари но не сакам да ги трошам на казни

Доналд Трамп / Фото EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп тврди дека поседува речиси половина милијарда долари во готово, но и дека не сака да ги потроши за да ја плати судската казна од 454 милиони долари, туку на претседателската кампања.

Поранешниот претседател изјави дека ќе се бори „се до Врховниот суд ако е потребно“ против казната да плати стотици милиони долари откако беше прогласен за виновен по граѓанска тужба дека лажно ја претставувал вредноста на својот имот.

– Со напорна работа, талент и среќа сега имам речиси 500 милиони долати во кеш. Планирав да користам значителен дел од тие пари во кампањата – порача Трамп на сопствената социјална платформа.

Според финансиската пријава од 2021 година, Трамп поседувал 293,8 милиони долари во кеш и еквиваленти на кеш, а вкупното богатство беше проценето на 4,5 милијарди долари. Тој очекува да стекне уште 3 милијарди долари – на толку пари е проценета вредноста на неговите акции во социјалната мрежа „Трут соушл“ што деновиве им ја продаде на инвеститори. Правилата, сепак, му забрануваат да продава акции во следните шест месеци.

Трамп никогаш досега не кажал дека ќе користи ссвои пари во својата кампања и упорно повикува симпатизери да му испратат донации. И на изборите во 2016 година тој тврдеше дека самиот си ја финансирал кампањата, иако се потпираше на донациите.

– Не ми требаат ничии пари. Користам свои. Не користам лобисти ниту донатори. Не ми е грижа. Јас сум многу богат – порача Трамп во 2015 година, кога најави дека ќе се номинира за претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот